Сутерен.мк

Тишина

Фејсбук с(р)еќавања…

 

Стануваше се постудено и постудено. Тоа првенствено се гледаше по мажите на улиците што постојано ги креваа околувратниците на своите палта. Нејзе и се стегаше железниот венчален прстен околу ребрата, но доби болка плус – ја изневеруваа колената. Сепак, таа промена не беше лоша.

Наеднаш забележа дека се е поинаку. Улиците, имињата, луѓето, времето… И, дека повторно, после децении топлина, посака да се разбуди во некоја висока соба, сама, како статуа – одвнатре и однадвор.

Тој беше роден на Божик, таа на Великден. Таа зборуваше многу порано, тој сега почесто. Неа ја давеше здодевноста – тој базичен симптом на желбата за живот.

И стана навика да се покрие со јорганот преку глава, за да се заштити од студот и нечистотијата. Еднаш посака да го повлече и него под покривката, но сфати дека нема да може да ја поднесе таа ненадејна, ужасна посета.

Таа замолче. Тоа молчење беше последниот конец со кој можеше да се извлече или, обеси!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *