Инстаграм е познат по убавите фотографии од пејсажи, портрети, архитектура… Меѓутоа, постојат и профили кои акцентот го ставаат на грдите работи во светот.
Еден од нив е и @uglydesign кој пласира примери на навистина лош дизајн. Кога ќе ги видите егземпларите, не е чудно што овој профил има 668 илјади следбеници. Забавно во секој случај и убаво во никој случај.