Сутерен.мк

Традиционални МКД стратегии

Фејсбук с(р)еќавања…

Инстант поезија – на растворање:
Стојам на дождов и се мислам,
зошто дремам ко будала и си киснам!?

****

Некои желби треба со закон да (ми) се забранат.

****

Новиот комплекс згради ќе се вика Возвишение.
Барем да беа некои господа, Газдиве.
Вакви, какви што се, чат – пат ме фаќа дури и жал за овие на кои им слугуваме.

****
Пораз е кога од две зла, не можеш да го избереш неискусеното.
Песочен часовник веќе ни одбројува. Сите треба нагло да кочиме и тоа со петици. Фатализмот очигледно не функционира.

****

Традиционална МКД стратегија “за недај Боже”: таткото во првата партија, синот во втората; мајката навива за едните, ќерката за другите; едниот брат ја брани власта, другиот опозицијата; една сестра во СДСМ, друга во Мелбурн.

****

Полесно е да бараш дозвола отколку, прошка. Обратното во МКД излезе – попрактично.

****

За луѓето кои се тивки обично, се мисли дека се срамежливи и мирни. Не, само се поплашливи: своите демони ги пуштаат на слобода многу поподмолно и понеочекувано од галамџиите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *