Еден од најчестите психолошки проблеми е анксиозноста, но повеќето личности кои се борат со неа никогаш не му се обраќаат на лекар. Понекогаш поради напади на паника, тахикардии и други симптоми ќе завршат на ургентен центар, а неретко докторите ќе кренат раменици не знаејќи ја вистинската причина за нивната состојба…
Анксиозноста е комплициран концепт кој може да значи повеќе нешта и е тешка за дијагностицирање бидејќи не може да се мери нејзиното ниво. Токму затоа и постојат поприлично заблуди околу неа…
- Анксиозните луѓе не можат да си ги контролираат емоциите
На нападите на паника главно им претходат немили настани или непријатна информација, па луѓето од опкружувањето мислат дека личноста која го доживува тоа не може дасе справи со емоциите и да остане прибрана под притисок.
Она што не се знае е дека анксиозната личност може со години да се мачи со оваа состојба пред таа да се манифестира јавно! Всушност, некои од анксиозните личности се вистински експерти во криењето на својата ментална напнатост.
- Анксиозните луѓе ја сакаат самотијата
Иако е вистина дека многумина кои страдаат од анксиозност не сакаат јавни собири, ги избегнуваат излегувањата и дружењата, тоа не значи дека истото е и добро за нив.
Јасно е дека сакаат да ја избегнат потенцијалната криза до која може да дојде кога се меѓу други луѓе, но дури и тие знаат дека така само си ја влошувааат состојбата. Затоа, не се двоумете да ги посетите своите анксиозни познаници. Ќе ви бидат благодарни поради тоа.
- Анксиозните луѓе сакаат да бидат загрижени
Луѓето кои не страдаат од анксиозност не можат да разберат зошто другите едноставно не претстанат да се грижат за небитни нешта! Со време, тие почнуваат да мислат дека е тоа личен избор. Ништо не може да биде подалеку од вистината.
Од разговорите со анксиозните лиќности ќе сфатите дека тие имаат само една желба, а таа е еднаш засекогаш да се ослободат од својот стрес и напнатост.
Извор: Psychology Today