Иако на прв поглед модерниот брак се смета за отворен и опуштен, експертите веруваат дека брачната заедница во нашево време е поинаква.
Затоа, исто така, има некои негативни ефекти, што може лошо да се одразат врз поединецот.
Полусреќен брак
Ова е необичен тип на брак во кој еден од партнерите повремено е среќен и задоволен што има стабилна врска, но има и периоди кога се прашува „Што ми требаше да се мажам/женам?“
Родителски брак
Родителски брак имаат голем број луѓе, а се карактеризира со фактот дека децата се центарот на врската. Така, со партнерот најчесто се разговара за децата, додека партнерството е занемарено. Кој ќе ги носи во градинка или училиште, кој ќе готви ручек, ќе го чисти дворот и слично. Во овој брак се добива впечаток дека немате време за ништо, освен за децата и куќата, а интимната врска меѓу партнерите е занемарена.
Полубрак
Експертите веруваат дека ова е најнепријатниот период помеѓу бракот и разводот, кога партнерите обично не можат да си дозволат развод. Причината може да биде финансии или несоодветен тајминг.