Семејната и брачната советничка, Тина Феј, тврди дека одредени фрази може да укажуваат на недостаток на емоционална интелигенција кај мажите.
1. „Премногу си чувствителна“.
„Ако мажот редовно ја користи фразата „премногу си чувствителна“, тоа е знак за ниска емоционална интелигенција. Таа фраза ги отфрла вашите чувства и ја префрла вината врз вас“, вели Феј за Hack Spirit.
Така, наместо човекот да преземе одговорност за своите постапки или зборови, тој нè обвинува нас за нашата реакција.
„Емоционалната интелигенција вклучува емпатија и разбирање. Тоа значи да бидете свесни за тоа како вашите постапки влијаат на другите. Затоа, ако мажот често ви кажува дека сте премногу чувствителни, тоа покажува недостаток на емоционален увид и свесност“, додаде таа.
2. „Не сум заинтересиран“.
Друга фраза која укажува на ниска емоционална интелигенција е „Не ми е гајле“. Советникот објаснува: „Тоа е отворено отфрлање на чувствата или грижа за другите. Ако мажот ја користи оваа фраза редовно, особено како одговор на вашите чувства или грижи, тоа е знак на ниска емоционална интелигенција“.
3. „Тоа не е голема работа“.
„Фразата која брзо може да открие недостаток на емоционална интелигенција е: „Не е толку голема работа“.
„Таа изјава на некој начин ги омаловажува емоциите и искуствата на другата личност, правејќи ги да се чувствуваат безначајни“, истакнува Феј.
Кога мажот често ја користи оваа фраза, тоа сугерира дека му е тешко да сочувствува со другите. За жал, тој можеби не разбира дека она што може да му изгледа како мала работа, може да биде голема работа за друга личност.
„Вистинската емоционална интелигенција вклучува препознавање и почитување на чувствата на другите, дури и ако тие се разликуваат од вашите“, заклучува Феј.