Канадскиот премиер Џастин Трудо направи чекор без преседан, најавувајќи смрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите кои се спротиставуваат на епидемиолошките мерки во врска со Ковид-19!
Повикувајќи се на Законот за вонредни ситуации, банките ќе можат без судски налог да ја блокират сметката на било кој што е поврзан со протестите.
Трудо рече дека сепак, овие мерки ќе бидат временски ограничени и дека нема да ја “вади” војската на улиците.
Канадската полиција после еднонеделна блокада, го „расчисти“ мостот „Амбасадор“ од демонстрантите, но во Отава се уште има повеќе стотици протестирачи.