После еден век, во кутија на таванот на еден дворец во францускиот град Грас, пронајдена е уникатна туника создадена од Коко Шанел.
Се работи за модел од колекцијата пролет-1922-ра, со поширок крој, од црн, свилен креп, со долги ракави и украсен со црвен, жолт и зелен свилен вез, како и со сребрени нитки.
Туниката е понудена на аукција за десет илјади евра, но достигна цена од 130 000 евра.
Ова е светски рекорд за парче на Шанел, а ексклузивно е и што станува збор за т.н. „руски вез“, што бил особено хит во 1930-тите години, што дури и Коко Шанел заради него го оставила црно-белиот твид на страна…