Австриските медиуми денеска пишуваат за уште еден шокантен случај на силување, откако две девојчиња (15 и 16 години) пријавиле дека биле сексуално злоставувани. Засега во овој случај има вкупно деветмина осомничени. Нападот се случил ноќта меѓу 25 и 26 декември минатата година.
Јавното обвинителство води истрага против вкупно осум момчиња и едно девојче на возраст од 15 до 18 години. Станува збор за Турци, Срби и Австријци со миграциско потекло.
Напаѓачите, наводно, со мобилни телефони го снимиле злосторството врз девојчињата. Медиумите пишуваат за масовно злоставување.
Полицијата соопшти дека ги прегледува снимките од мобилните телефони. Сите осомничени се уште се во бегство.