Сутерен.мк

Уапсен лидерот на „Последна волја“!

Водачот на холандската организација која се залага за право на помош при самоубиство е уапсен под сомнение дека помагал во извршување на тој чин!

 

Јос Ван Вијк (73) е лидер на задругата „Последна волја“, која има околу 27 000 членови и која бара промена на законите за на секој да му биде овозможено да и помогне на друга личност во извршувањето на самубиство.

Задругата потврди дека Ван Вијк е уапсен.

Холандија во 2002 година стана првата држава која ја легализираше еутаназијата и самоубиството со помош на лекари, но под строги услови.

На личностите кои не се лекари и понатаму им е забрането да им помагаат на другите во одземањето на сопствениот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *