Еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, поради кој Брајтон котира високо на табелата, беше фатен во ноќен клуб каде наводно сексуално злоставувал студентка која била во истиот клуб.
Ив Бисума, заедно со уште еден негов пријател, биле веднаш однесени во полициска станица на сослушување. За Бисума се заинтересирани бројни клубови од Велика Британија пред се, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Иако полицијата и клубот не го објавија името на фудбалерот, но на социјалните мрежи брзо осамна снимка на која се гледа апсењето на репрезентативецот на Мали.
Настанот се случил во „Арч бар“ во Брајтон, а покрај на фудбалерот лисици му се ставени и на уште еден средовечен маж.