Сутерен.мк

Убиена ли е Еуростадард банка со умисла?

Два извештаи, еден на 160 страници за случувања во Еуростандард банка и еден на 1.200 страници за, како што беше кажано, „постоење незаконски шеми за зајмување пари во банкарскиот систем“, беа претставени пред јавноста. Извештаите се финансирани од сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски и од семејството на Златко Тодоров, сопственик на компанијата „Кубус“, која според наодите во извештајот, се смета за жртва на организирана банкарска шема.

За тоа како функционирало организирањето на шемата и за тоа како во неа учествувале и повеќе банки, зборуваше Драго Кос, кој во моментов ја извршува функцијата претседател на ОЕЦД – работна група за корупција на интернационални бизниси и поранешен претседател на ГРЕКО.

“По 2 години истражувања, дојдовме до заклучок дека имало незаконско финансирање од страна на банки, често тоа било финансирање на меѓусебно поврзани лица, а некогаш во истата шема биле вклучени и повеќе банки”, вели Кос потенцирајќи дека наишле на пример во кој две банки во ист момент даваат кредит од 500.000 евра на исто име.
Според истражувањето што ќе биде и јавно објавено, како што рече Кос, во периодот од 2004 до 2011 година биле вклучени 7 банки: Комерцијална банка, Инвест банка/Шпаркасе банка, УНИ банка, Стопанска банка, Статер банка, Еуростандард банка и Охридска банка. Потоа, во шемата биле вклучени 45 компании и едно физичко лице.
Според изготвениот извештај, Еуростандард банка станала дел од незаконската шема на зајмување најрано од 2011 година.

Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски, вели дека може да му се суди зашто не видел дека неговата банка станала дел од таа шема, но дека во ниту еден момент немал намера такво нешто да се прави и својата банка да ја одведе во стечај. Притоа, повтори дека за сè е виновен Николче Петковски, кој беше претседател на Управниот одбор на Еуростандард.

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија и актуелна претседателка на „Транспаренси“ Слаѓана Тасева, алармираше до сите надлежни институции сериозно да ги земат предвид направените извештаи од странските експерти во насока на заштита на финансискиот и банкарскиот систем на државата.
Целиот извештај тука…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *