Рибарот Енди Хекет успеал да улови златна риба тешка 30 килограми. Оваа златна риба, која го добила името Морков поради нејзината портокалова боја, е една од најголемите во светот.
Хекет ја уловил рибата во езерата Блувотер во францускиот регион Шампања. Рибата живеела во езерото речиси 20 години и оттогаш се покажала како многу тешка за ловење. Тој поминал 25 минути влечејќи ја.
Златните риби му припаѓаат на семејството крапови, но тие не достигнуваат толку голема големина. Рибата Морков е хибриден вид вкрстен со јапонскиот кој крап и се верува дека е втора најголема златна риба уловена некогаш.
„Отсекогаш знаев дека Морков е наоколу, но никогаш не мислев дека ќе ја фатам. Почувствував дека нешто големо ја фати мамката. Кога се појави на површината, видов портокалова боја. Супер е што ја фатив, но тоа беше чиста среќа“, вели четириесет и двегодишниот Англичанец.
Хекет гордо позирал со рибата пред да ја врати назад во водата.