Партијата на власт во Унгарија предложи закон кој предвидува забрана на дистрибуција на ЛГБТ литература меѓу помладите од 18 години, дури и кога станува збор за едукативни материјали, како и забрана на реклами за кои ќе се оцени дека ги промовираат правата на хомосексуалците.
Неколку движења за човековите права се побунија против новиот закон, кој е дополнување на постоечкиот кој го регулира казнувањето на педофилијата, а во него се наведува дека на помлади од 18 години не смее да им се покажува порнографска содржина ниту било што, што поттикнува промена на полот или хомосексуалност, пренесува агенцијата Ројтерс.