Сутерен.мк

Уникатноста на Норвешка

  • Тунелот Лаердал се протега на неверојатни 24,5 километри, а неговиот дизајн е ценет ширум светот бидејќи вклучува функции што им помагаат на возачите. На секои 6 километри има пештера која одвојува делови од патот, а осветлувањето варира низ тунелот и пештерите за да се прекине рутината и да се обезбедат различни погледи. На секој крај, камерите го бројат бројот на автомобили што влегуваат и излегуваат, што помага да се обезбеди брза реакција во случај на несреќа или дефект.

  • Норвешката престолнина е гордото место на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир секоја година (со само неколку исклучоци) од 1901 година. Останатите Нобелови награди се доделуваат во Стокхолм, Шведска. Доделувањето во Осло било по желба на шведскиот хемичар Алфред Нобел, а никој не е сосема сигурен зошто ја одбрал Норвешка за доделување на Нобеловата награда за мир. Сместен помеѓу градското собрание и Акер Бриге, Нобеловиот центар за мир ја прикажува фасцинантната историја на наградата и обично има специјална изложба за актуелниот лауреат.

  • Преминот Сторски на автопатот Е105 е најсеверниот патен граничен премин во Европа. Во септември 2017 година, беа отворени нов тунел и мост на норвешката страна на границата, намалувајќи го времето на патување за оние што ја преминуваат границата. Патем, тоа е нешто што го прават многу луѓе, т.е го правеа до неодамнешната војна. Норвежаните преминуваат за да купат поевтино гориво за своите автомобили, додека Русите преминуваат за да купат поквалитетна роба во Киркенес. Поголемиот дел од границата е дефиниран со река и поголемиот дел од трасата минува низ густа шума. Карактеристични светло жолти столбови на норвешката страна и црвени и зелени ленти на руската страна ја означуваат границата.
  • Иако сушито е целосно јапонски изум, тие не користеле лосос во јадењето додека норвешката делегација не го предложила во 80-тите. Во Јапонија, норвешкото суши со лосос е едно од најпопуларните јадења, особено кај помладата популација. Сепак, било потребно подолго време за да се прифати ова, бидејќи Јапонците првично биле загрижени за здравствените ефекти од јадењето сиров лосос.

  • Секој што живее во Норвешка има три бројки објавени од нивната годишна даночна пријава: годишен приход, платен данок на доход и вкупно богатство. Пред 2013 година, овие податоци беа целосно отворени и секој можеше да ги пребарува. Оттогаш ова се промени и сега лицето може да види кој ги пребарувал овие податоци. Идејата зад овој концепт е дека даночното затајување е многу потешко да се постигне. Ако имате низок приход и/или богатство, но возите нова „Тесла“, на властите ќе им бидете сомнителни. Отворениот карактер на овие податоци е исто така една од причините зошто на норвешките медиуми им е толку лесно да дојдат до годишните листи на најбогатите луѓе во Норвешка и најголемите даночни обврзници во земјата.
  • Сондре Норхајм се сметаа дека е татко на модерното скијање. Кон крајот на 19 век, тој почнал да користи цврсти скијачки повези за да може да замавнува и скока со помал ризик од паѓање. Неговиот нов дизајн за скијање, скиите „Телемарк“, довеле до модерните скии што ги знаеме денес. Но, самото скијање оди многу подалеку во минатото. Древен врежан камен во Родој во северна Норвешка покажува дека луѓето користеле скии за да се движат низ норвешките планини уште пред 4.000 години. Финмарк е дом на најстарите сочувани скии некогаш пронајдени, стари неверојатни 2 300 години.

  • Од 660 000 луѓе кои живеат во Осло, 190 000 од нив се родени од имигранти или самите се имигранти. Тоа е речиси 30 отсто од населението на градот, во споредба со околу 15 отсто на национално ниво. Најголемото етничко малцинство во Осло се Пакистанците, потоа имигрантите од Шведска, Сомалија и Полска. Долги години Осло беше град со најбрз раст во Европа во однос на процентите, но овој раст почна да се израмнува. Во првата половина на 2017 година, повеќе луѓе се иселиле од Осло отколку што се вселиле, за првпат по неколку години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *