За да не завршите со некој првокласен морон, во ова време на навидум, лесна достапност до партнери благодарејќи им на новите технологии, еве неколку совети од некои кои се поумни од нас…
• Жените никогаш први не испраќаат и-маил или порака на Фејсбук, Твитер… зашто тогаш тие стануваат ловци, а мажите се уште еволутивно се долу на скалилото на цивилизацијата, па ова не им се допаѓа. Се уште…
• Чекајте барем четири часа пред да одговорите на неговата порака, за тој да помисли дека имате исполнет живот и дека не чекате баш и само на него, нели!?
• Доколку ви испрати порака по полноќ, одговорете му дури утрото – вие сте таа што ги поставува границите.
• Првите пораки што му ги пишувате на некој маж, треба да бидат куси.
• Никогаш не барајте први „пријателство“ на социјалните мрежи од мажот што ви се допаѓа.
• Некој што веќе два пати ви откажал средба, не е достоен ниту да го поздравите. На било каков начин…
Бонус мудрости:
„Тој би сакал таа да мисли како е тој совршениот! Не му е доволно што таа го сака таков, каков што е!?“
„Мажественоста е витештво што се досегнува само кога супер – жена ќе прогласи маж за витез!“
„Доколку ние не сретнеме некој асален маж, да се надеваме дека некоја од вас ќе одгледа во иднина таков син, кој ќе биде среќен со некоја од нашите супер ќерки!“