Сутерен.мк

Утре со ладни глави да истрчаме по победа

Јунакот од саботното реми со Италија, Енис Барди, новиот македонски капитен посочи дека еуфоријата после новиот одличен резултат како нов почеток на националниот тим сите ги радува, но мора да се заборави, па утревечер на Малта да се истрча со ладни глави и со ист пристап како против европскиот првак за да се запише нова победа.

Македонија во март ја победи Малта, многу потешко од очекуваното, но сега осоколени црвено-жолтите, се решени да одиграат на највисоко ниво за втор триумф во оваа „група на смртта“ и да останат во трката за највисок пласман во овие евроквалификации.

„Без обединетост нема добар резултат. Таа наша сплотеност ни донесе бод со Италија, јас сум среќен за голот, но сега нѐ чека Малта, малку време имавме за подготовка и мора сите да ја заборавиме Италија, еуфоријата… Еуфоријата радува, не може да се опише, ама мора тоа да го заборавиме, зашто пред нас имаме голем тест во кој мора да влеземе со ладни глави“, вели Барди.

Тој посочи дека само максимален сериозен пристап носи добар резултат.

„Селекторот секогаш ни налага како да се движиме, на која позиција да играме, но ние сите знаеме колку ни значи секој меч и во сите каде влегуваме со сто отсто, кога влегуваме како едно, а на секој меч мора така да одиме, на крај ќе извлечеме добар резултат. Знаеме што нѐ чека, наше е сите да дадеме сѐ од себе, а јас како и секогаш сум максимално подготвен да одговорам на барањата на селекторот и стручниот штаб“, додаде Барди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *