Германската компанија „Ем-сенс“ (М-сенсе) имаше објава на Твитер во којашто го споредува логото на „Мета“ на Марк Закерберг, со своето лого, посочувајќи дека тие се речиси идентични. Објавата стана вирална, а корисниците на Твитер одговорија со уште неколку примери.
„Почестени сме што логото на нашата апликација го инспирираше Фејсбук – тие може да бидат инспирирани и од нашата политика за приватност на податоците“, напишаа накусо на официјалниот Твитер-профил на германската компанија.
Како одговор на објавата, корисници прикажаа уште неколку примери на слични логоа, на „Вебекс“, „Мобиус“, „Мајкрософт“…