Сутерен.мк

Филмот со тајната порака доби рекорден аплауз во Венеција

Најновиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, драмата „Собата во соседната куќа“, ја доживеа својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал и доби 17-минутен аплауз, што е годининашен рекорд.
Инаку, ова е првиот филм на Алмодовар на англиски јазик. Тој е познат по филмовите кои истражуваат сложени теми, а најновата драма не е исклучок. Главните улоги во филмот ги толкуваат Тилда Свинтон, Џулијан Мур, Џон Туртуро и Алесандро Нивола.

Филмот ја следи приказната на две поранешни пријателки, Ингрид (Мур) и Марта (Свинтон), кои пишувале за исто списание на почетокот на нивните кариери. Години подоцна, Ингрид, најпродавана авторка, одлучува повторно да се поврзе со Марта, воена новинарка која умира од рак на грлото на матката и сака да се подложи на евтаназија.

Николас Барбер напиша за Би-би-си: „Алмодовар, кој сега има 74 години, очигледно многу размислувал за смртноста. ‘Собата во соседната врата’ не е тешко филозофско дело – колку и да е зрело, сè уште има навестување на дрзок хумор и мелодрама.
Но, се развива во слатко и искрено размислување за стареењето, умирањето и дали е здраво да се најде радост во најочајните околности. Нема премногу такви филмови на ниту еден јазик“.

„Овој филм на Педро Алмодовар наоѓа радост дури и кога ‘зјапа’ во смртта“, е насловот на рецензијата на магазинот Тајм од Стефани Захарек.

Таа за Алмодовар напиша: „Филмот е неговата тајна порака, јазик на задоволство и убавина кој не потсетува колку е прекрасно да се биде жив. Ако е можно да се направи весел филм за смртта, Алмодовар го направи токму тоа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *