Фејсбук с(р)еќавања…
Ај, ќе Ве молам, не вадете слики од младоста: оставете ме во блаженото уверување дека сте само стари…
****
Абе, јас и можам да ослабам, ама дали ти можеш да се разубавиш?
****
Ок, разбравме – и глупите ќе ослабат. Грдиве, шо ќе праите!?
Ќе се криете зад дебелите!?
****
Ние сме сонот на секој лајф-коуч: го живееме секој ден како да ни е последен!
*Ко божем, па имаме избор.
****
Во секого од нас лежи притаен ѕвер. Разликата е само што нечии се посрамежливи.
****
Кога кувар ќе почне да употребува зборови како „сегмент“, „фузија“, „симбиотично дејствување“… тури му ку..т! Уште му фали една сува слива покрај него т.е. нутриционист и да почнат дебата за филологијата на ненандреталците.
****
– Ти мори, мајка си или шо си!?
● Второто.
****
Благодарение на Вас, мојот живот е тотално ист како и без Вас.
****
Не ми е намален прагот на толеранција. Тој, вашиот на конформизам е баeги кренат.