Сутерен.мк

ФК Пирин: Вето, санкции и целосно игнорирање

Бугарите мешаат политика во спортот. Не сакаат пријателски натпревари со екипи од Македонија поради „тензиите и омразата кон бугарскиот народ“. ФК Скопје требаше да игра со Пирин од Благоевград, но такво нешто нема да се случи. Навивачите на бугарскиот клуб испратија барање до клубот во кое кажаа дека е „неблагодарно да се игра пријателски натпревар, со клуб од држава која шири анти-бугарство“.

„За нас е недозволиво да играме пријателски натпревар со ФК Скопје поради последните случувања во РСМ. Ширењето на омраза кон Бугарија, бугарштината и бугарскиот народ треба да има свои последици. Нашите браќа на Западот од нас треба да разберат дека Бугарија и Бугарите не се нивни непријатели. Како и да е, однесувањето на одредени граѓани мора да биде санкционирано.

Затоа, ние фановите на Пирин застануваме зад Бугарите во РСМ во знак на солидарност и поради репресијата на кои се подложни, бараме откажување на контролниот меч. Вето, санкции и целосно игнорирање, додека не се научат да не почитуваат“, велат од навивачката група.

Овој пријателски натпревар скоро сигурно нема да се одигра. Останува да видиме каква ќе биде агендата на ФК Скопје, по ова откажување. Овој потег доаѓа непосредно откако играч на бугарскиот клуб Марица намерно удри фудбалер на Академија Пандев на пријателски натпревар.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *