Сутерен.мк

Без вакцини се може, без мобилен не?!

Клиника во Киргистан морала да фрли илјада дози на вакцини против коронавирусот, откако некој го исклучил фрижидерот во кој биле чувани за да го наполни мобилниот телефон!

Како што пренесува агенцијата Бета, вакцините Спутник биле дел од контингентот од дваесет илјади дози кои Русија и ги испорачала како донација на оваа централноазиска држава. (Во Киргистан имунизацијата започна во март, а руските вакцини беа многу попопуларни од кинеските.)

 

Властите се критикувани за овој инцидент што се случил во април, во државната клиника во Бишкек за кој јавноста дозна деновиве.

Според министерот за здравство Алимкадир Беченалиев, за грешката би можело да е одговорен некој од вработените за одржување.

Во земјата со над шест милиони жители има над сто илјади заразени и 1 735 починати лица од Ковид – 19, а до сега се вакцинирани над педесет илјади луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *