Сутерен.мк

Футуристичка еко површина

Во Њујорк на реката Хадсон отворен е нов парк, „Литл исланд парк“, чија градба е приватна донација на фондацијата „Дилер“, на медиумскиот магнат Бари Дилер и неговата сопруга Дијана вон Фурстенберг.

Зелената површина на столбовите на некогашното пристаниште ја проектирал Томас Хедервик и таа се распостила на 1.1 хектари во кои освен шеталишта има и амфитеатар со 600 седишта и мала сцена со околу двеста места за публика.

Паркот е креативно решение како да се внесе зеленило плус во градовите и да се ревитализираат некои забаталени квартови.

Фото: Profimedia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *