Сутерен.мк

Храмот – чудо на тајландската архитектурa

Храмот Ват Самфран е едно од големите чуда на тајландската архитектура. Се наоѓа во близина на Бангкок и претставува популарна дестинација за туристите. Причината за тоа е огромната скулптура на змеј која е изградена околу розовата цилиндрична зграда на храмот.

Храмот бил основан од Бавана Будо и изграден во 1985 година. Тој има 17 ката, а се градел пет години.
Змејот кој може да се види околу зградата е шуплив и направен е од железо и стаклено влакно. Во него има тунел и скалила што водат до врвот. Главата на змејот е на покривот со цел да го штити будистичкиот храм.
Зградата е висока 80 метри, а влезот во неа е бесплатен.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *