Сутерен.мк

Храната поскапува за да поевтини

Поскапување пред поевтинување. Вака може да се објасни состојбата со цените на прехранбените производи во маркетите во земјава. Не само што не се намалија, туку цените на некои производи дополнително се зголемија.

За литар домашно млеко со 2,8 процентна масленост, ќе платите 88 денари. Иако производителот е дел од оние компании кои веќе користат повластена струја, цената не е намалена. Слично е и со производителите на леб, чии цени на некои производи се ближат и до 110 денари. Граѓаните реагираат.

Производителите се правдаат, овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени.

187 компании од прехранбената индустрија веќе деветти ден произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто, што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

Единственото намалување на цените е забележано кај маслото за јадење. Веднаш по објавување на оваа мерка, прехранбените компании изразија воздржаност во однос на намалување на цените. Најавија благ пад од од 5 до 12 проценти, но дури на почетокот на идната година. Министерот за економија Крешник Бектеши најави ригорозни казни за оние, кои неосновано ги држат цените на високо ниво.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *