Иако понекогаш чувството на осаменост е нормална појава, хроничното „самување“ може и тоа како да остави белег врз менталното здравје, пишува Huff Post.
Осаменоста е недостаток на поврзаност, а не на луѓе! Сите имаме потреба и желба за препознавање со другите луѓе, а кога тоа не се случува, се чувствуваме осамено.
Сите сме доживеале моменти кога сме сакале да бидеме сами и да не остават на раат, за да размислиме, да ги расчистиме заостанатите емоции, грижи, мисли… Тоа е на некој начин и грижа за себе. Меѓутоа, во кој момент тоа станува нездраво?
- Кога се чувствувате осамено и во друштво.
- Често се чувствувате уморно.
- Имате симптоми на депресија.
- Наместо да се соочите со проблемите, присвојувате нездрави навики.
- Имате самоубиствени мисли.
(Она што е особено важно е да запаметите дека секој на овој свет е со некоја цел! Не мора сите да станеме ајнштајни, но нашето постоење најмалку на еден, му значи многу! Второ, никому не му сте на терет! Освен, на себе си.)