Познатиот англискиот актер и комичар, неодамна го коментираше влијанието на „кансел културата“/„културата на откажување“ во светот на комедијата и категорично изјави: „ Хуморот и треба да ги налути луѓето“.
Неговиот став за модерната манифестација на цензурата и ловот на вештерки е и како оној на Џон Клиз, дека „кансел културата“ му штети на хуморот.
„Мене ми се чини дека хуморот треба да биде навредлив или барем да има потенцијал да навреди некого и не верувам дека некогаш ќе може и да има поинаква содржина. Секоја шега има своја жртва. Тоа и е дефиницијата на шегата – да се исмее некој, нешто или некоја идеја“, изјави Роуан Аткинсон и додаде дека не му се допаѓа идејата дека треба да се напаѓаат само луѓето кои се на повисокото општествено скалило, затоа што има екстремно самобендисани и арогантни луѓе и од многу ниските слоеви кои подеднакво заслужуваат да бидат исмеани.
„Во вистински слободно општество, би требало да ви биде дозволено да се шегувате апсолутно, за било што!“, рече Аткинсон.