Црно-бело на скалите на Мет гала 2025-та

Црно-бели комбинации на фустани или пантолони и сакоа, во кои беа облечени светски познатите личности, доминираа на годинешната Мет гала што се одржа вчера во Њујорк, а се смета за најпрестижниот и најгламурозен моден настан во светот. Новото издание на „модните Оскари“ и годинава ја привлече светската елита.

Годинашниот настан во Метрополитен музејот на уметноста се одржа во чест на афроамериканската историја, култура и стил. Повеќето од гостите прикажаа современи верзии на модели со широки раменици и висок струк, популарни меѓу афроамериканските мажи во 1940-тите.

„Мет гала“, формално наречена „Бенефит за Институтот за костими“ е годишен фестивал што се одржува за собирање средства за висока мода во корист на Институтот за костими при Метрополитен музејот на уметности во Менхетен, Њујорк. Личности кои се сметаат за релевантни за современото општество во различни професионални сфери, се поканети да присуствуваат на „Мет гала“, организирана од модното списание „Вог“.

Деми Мур
Никол Кидман
Ен Хатавеј
Луис Хамилтон
Мадона
Ријана
Шакира
Жанел Моне
Зендаја

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *