Сутерен.мк

Чеховски ситуации

Фејсбук с(р)еќавања…

До младиве, кои мислат дека го редефинираат светов:
– Ниту сте подобри, ниту полоши од мојата генерација. И ние бевме подеднакво неуки и се ни беше одбојно.
Разликата е што Нас, никој не не слушаше.

****

Ова Фејсбуков е чиста чеховска ситуација: ти пишуваш едно, режисерот чита друго, а публиката гледа трето.

****
Кај ласкавците секогаш има нешто бајаги подмолно и многу простотилак. Сепак, најглупо ми е, што ми го потценуваат искуството.
****

Кога ќе се препознаеш. Кога не можеш да си изнакажеш. Кога си недостасуваш. Кога си се сонуваш. Кога си дома. Кога ти ги разбираат шмелцувањата. Кога не мора да ги објаснуваш кошмарите. Кога немаш грижа на совест, зошто ти си – Ти!
Тоа…

****

Ми се смее, ми се плаче.
* Се зезам. Само ми се плаче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *