Фудбалскиот клуб на Милан ги изненади навивачите ширум светот, откако го промовира својот четврти дрес.
Како основа на дресот е земена белата боја од втората гарнитура, но на градите, околу логото и ракавите ќе бидат во препознатливите црвено-црни линии. Со овие дресови Милан ќе одигра мал број натпревари, а веројатно од клубот сметаа дека е добар маркетинг трик. На дуелот против Болоња на „Сан Сиро“, играчите на Милан ќе истрчаат токму во овие дресови.