Сутерен.мк

Чудно, но вистинито

Кое суштество живее само еден ден, а кое најдолго? За што служат крилјата на нојот?

* Околу 61 отсто од човековата тежина ја сочинува водата во нашето тело.

* Секоја година на земјата се случуваат околу 16 милиони бури.

* Кривата кула во Пиза почнала да се искривува уште пред и да биде градбата завршена.

* Изметот на пандата може да се преработи во хартија.

* Во Јапонија можат да се купат лубеници во облик на пирамида.

* Најмногу видени неидентификувани летечки објекти (НЛО) се пријавуваат кога Венера е најблиску до земјата.

* Јапонските деца јадат и десерти направени од јагнешко, џиновска медуза, зелен чај, сушени лигњи, а откако ќе ожеднат од благото, можат да се напијат и газиран сок со вкус на торта и чиколадно пиво.

* Рој Саливен од САД, шумар по професија го удрил гром дури седум пати и се уште е жив!

 * Магазинот „Популарна механика“ во март 1949 година објавил дека во иднината компјутерот ќе тежи 1 500 килограми! (Ништо чудно, ако се знае дека во тоа време дигитронот тежел 30 тони.)

* Одреден вид на китови живеат до двесте години, желките од Мадагаскар и Галапагос и до 250 години, а некои школки и до четиристотини години!

* Ноевите порано летале, а престанале бидејќи веќе не морале да бегаат. Откако изумреле диносаурусите се намалила и опасноста за нив, а тие се опуштиле и станале едноставно, мрзелливи.

* Најкус век има инсектот вилинско коњче, кое живее еден ден, а понекогаш и само триесет минути.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *