Сутерен.мк

Чудо на модната писта

Моделари и дизајнери, во живо на модната писта, пред публиката, направија фустан на телото на Бела Хадид за осум минути.

Ревијата на брендот Коперни за пролет/лето 2023 година на Париската недела на модата беше полна со вирални моменти, фокусирајќи се на Ген-З.

За да го заокружи шоуто, супермоделот Бела Хадид носеше само долна облека, пред дизајнерите да ја испрскаат со течност која веднаш се трансформира во фустан.

Резултатот е совршен фустан, иако испрскан, се соблекува, пере и повторно облекува, како и секое друго парче гардероба.

Дизајнерите всушност, со поддршка на д-р Манел Торес, кој е пронаоѓач на течноста која при удар со било каква површина станува материјал, ја претставија иднната на текстилната индустрија.

Видео…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *