Станбената зграда „Тинг1“ е една од најуникатните станбени згради во Шведска, а воедно ја добила и титулата најгрда здрада во регионот. Не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на кој е изградена. Откако е изградена во 2013 година на брегот на Ботнискиот залив оние што се против модернизмот ја нарекуваат најгрдата зграда, додека други ја фалат нејзината иновативна конструкција и зачудувачки дизајн.
„Тинг1“ вклучува 11 ката, 51 стан и 78 испакнати стаклени балкони во светли бои, кои се наоѓаат над трикатна бетонска зграда во необруталистички стил изградена во 1967 година. Нема физички контакт меѓу двата дела благодарение на дискретно поставената основа во дворот на старата судска палата, на која е изграден облакодерот.
Дизајнот на зградата отстапува од европските норми, а е потпишан од познатиот шведски архитект Герт Вингорд. Инспирацијата со бои за зградата ја добил од пикселизираната верзија на сликата на платно „Женски танц“ од локалниот уметник Бенгт Линдстром.
Поради нејзиниот испакнат изглед и светлите бои, локалните жители ја нарекуваат зградата Лего куќа, а некои тврдат дека таа ги потсетува на коронавирусот што се гледа под лупата на микроскоп.
Оваа зграда е изградена на енергетски ефикасен начин во централниот дел на Орнсколдсвик – на околу десет минути пешачење од железничката станица.