Топлес фотографијата на Шерон Стоун покрај нејзиниот базен објавена на Инстаграм, го сврте вниманието на светската јавност.
Холивудската ѕвезда додала краток коментар: „Несовршена и благодарна за совршениот ден“, а на сликата плени не само со својот секси имиџ, туку и со широката насмевка.
Славната актерка тврди дека нема други естетски корекции освен тие на градите, а причината била од медицинска природа.
Кога и ги отстраниле туморите на дојките, хирургот – вели Стоун – решил да и ги зголеми градите за време на реконструкцијата.