Сутерен.мк

Шестгодишно девојче почина по дадена инфузија

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари починало вчера попладне на Детското одделение во Битолската болница, откако било донесено на преглед со симптоми на настинка.

Според изјавите на неговите блиски, детето во болницата дошло поради повишена температура и дијареја, при што му била дадена инфузија.

ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги известила обвинителството и полицијата за службено да постапат во случајот. Обдукцијата е завршена на Одделението за патологија, а резултатите се очекува да пристигнат за десет денови, посочуваат од битолската Клиничка болница.

Семејството се сомнева на несоодветен третман, со оглед на тоа што детето претходно немало здравствени проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *