Теориите на заговор не ги следат само Бил Гејтс, антените, вакцините, коронавирусот… Тие се насекаде, за сенешто и секого што нешто значи во светот!
Волт Дизни
Бидејќи Волт Дизни е легенда во светот на забавата, не е чудно што озборувањата го следат и после смртта. Имено, многумина мислат дека неговото тело е замрзнато, а всушност, Волт е кремиран. Урната со неговата пепел се наоѓа на гробиштата Глендејл.
Стиви Вондер
Теоријата на завера дека Стиви Вондер не е слеп е навистина навредлива за сите хендикепирани. Вондер е роден шест недели пред терминот, па во периодот поминат во инкубатор дошло до проблеми со ретината на очите, што довело до негово дефинитивно слепило.
Кијану Ривс
Опскурни сајтови тврдат дека актерот не старее, па дури и дека е бесмртен. Тоа го „докажуваат“ со фотографии од луѓе од минатото кои наводно личат на Кијану. Вистината е дека човекот си има добри гени и баеги води сметка за себе.
Тупак Шакур
Наводно, Тупак пакур не е мртов, туку е се уште жив. Не само тоа, туку поприличен број на луѓе се колнат дека го виделе на разно – разни места, секако без докази. Исто, како и Елвис!
Џастин Бибер
Една од најапсурдните теории која веќе подолго време е во сообраќај е онаа за луѓето – рептили илимити луѓе – гуштери. Па така, од 2017 година се смета дека и овој пејач е делумно рептил! (Тоа што ова е биолошки дефинитивно, невозможно, никого не го засега.)
Џеј Зи
Илуминатите се тајно друштво кое наводно, ги влече сите конци на светот особено, во оној на забавата. Многумина мислат дека и Џеј Зи е дел од таа дружина поради „сомнителната“ гестикулација и симболиката што ја користи во своите музички спотови.
Бијонсе
За пејачката што нема да прочитате, но „најексклузивно“ е тврдењето дека не го ни родила своето дете Блу Ајви. Во едно видео стомакот и изгледа рамен, па оттука и муабетите дека Бијонсе ја добила ќерката преку сурогат мајка.
Џин Симонс
Ѕвездата на групата „Кис“ препознатлив е по долгиот јазик што често го исплазува. Поради тоа има луѓе кои се убедени дека тоа не е негов јазик, туку дека со операција си пресадил кравји?! Одвратно, бизарно и апсолутно невистинито.
Шер
За да биде што повитка, Шер извадила две ребра. Не, не извадила! Пејачката призна дека има направено три корективни операции (гради, нос и заби), ама не постои никаков доказ дека си вадела ребра.
Аврил Лавињ
Кога во 2003 година Аврил мистериозно исчезна од сцената, тргнаа да кружат приказни дека умрела и дека ја заменува актерката Мелиса Вандели. Во суштина, пејачката се разболела од лајмска болест и некое време се повлече од јавниот живот.
Тејлор Свифт
Зина Шрек е главна свештеничка на Сатанистичката црква, а таа и Тејлор поприлично си личат. Така е родена урбаната легенда дека пејачката е во суштина клон и наследничка на Шрек.
Ана Винтур
Во една книга од 2004 година, авторот Џери Опенхајмер вели дека уредничката на „Вог“ била опседната со Боб Марли, па имала и афера со него. Вистината е дека Винтур никогаш не се ни запознала со реге легендата.