„Како да почнеш да пишуваш (а потоа да престанеш)“ е нова збирка колумни кои нобеловката Вислава Шимборска ја пишувала за полско списание цели 21 година. Англиското издание се очекува да излезе на 5 октомври, а ќе биде илустрирано со нејзини цртежи и колажи!
Читателите упатувале свои прашања во врска со процесот на пишување и креативноста воопшто, или пак испраќале свои дела на увид, по што Шимборска им одговарала, понекогаш многу љубезно и коректно, но најчесто прилично саркастично и крајно смешно.
Еве еден пример, до некој под псевдоним „Барачот“ од Кудова:
-Не, немаме водичи за пишување романи. Слушаме дека такви нешта постојат во Америка, но се сомневаме во нивната вредност поради една едноставна причина: Нели некој автор кој поседува проверен рецепт за книжевен успех повеќе би сакал да си профитира од него самиот отколку да пишува водичи. Така? Така.
Повеќе на off.net.mk…