Со помош на Фотошоп и deepfake технологијата луѓето на интернет лесно можат да изгледаат како сосема друга личност. Меѓутоа, на една дама од Кина, тоа и успева исклучиво само со шминка!
Имено, qillianisme, како што е потпишана на ТикТок благодарение на својот талент за шминкање, во состојба е да се трансформира во Били Ајлиш, Ен Хатавеј, Мајкл Џексон, Одри Хепберн и други славни личности. Не е ни чудо што има над сто илјади следбеници…