Сутерен.мк

Шпанија дозволи менструално отсуство

Шпанија изгласа три дена менструално отсуство, што подразбира дека жените можат три дена да отсуствуваат од работа при менструалниот циклус, додека организмот не им се врати во нормала.

Законот е дел од поширок план да се сменат законите за репродуктивното здравје, меѓу кој и оној дека отсега девојкит од 16 и 17 години ќе можат да одат на абортус без потврда од родителите.

Покрај ова, ДДВ-то на санитарните производи ќе биде отстранет, а ќе се обезбеди и јавен фонд за хормонска контрацепција и апчињата за „денот потоа“.

Иако е ова единствен закон од овој вид во Европа, нешто слично е на сила во неколку азиски земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Тајван и Јапонија, кои ваков закон имаат донесено уште во 1947 година.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *