Фејсбук с(р)еќавања…
И да го нема вирусов, физичката дистанца треба да остане на сила. Аман од „психопати“ кои на каса ми дишат во ушна школка.
****
Не постои ништо таканаречено. Штом има име, тоа живее. Таканаречено го користат оние кои не сакаат, не можат нешто да признаат, одобрат, објаснат.
****
Ај, ќе ве молам нам, кои живееме на гранки уште еднаш објаснете ни кој и што е урбан лик?
****
Не би било таму толку добро, да не е овде толку лошо.
****
И злоупотреба на интелигенција и емоции треба да бидат казниви со закон.
****
Едвај чекам да си дојде. Штом дојде, од одма ми текнува зошто Едвај сум чекала да си замине.
****
Ми фали времето кога, штом ќе влезев дома, прашував:
– Ме бараше некој?
****
Еј, ај веќе не ја тупете со „вежбам – се чувствувам, живеам, бенефити, дрн, дрн…“ Во здраво тело, здрав дух е мртво. Телото оддамна веќе не е Идеологија туку обична, Пазарна вредност.