Со способноста да анализира огромни количини на податоци, да препознава сложени шеми, а притоа да донесува одлуки со извонредна брзина вештачката интелигенција наоѓа широка примена. Од оптимизирање на индустриските процеси и подобрување на медицинската дијагностика до револуционерна комуникација и возење автономни возила, ВИ влијанието е сѐ подлабоко и во сѐ повеќе сектори.
Во генеративната вештачка интелигенција, промптот е писмена инструкција што го иницира ВИ моделот да изврши одредена задача, како што е пишување текст или код, генерирање на слика или видео, одговарање на одредено прашање и слично.
Овие модели на вештачката интелигенција (LLM), кои што користат методи на машинското учење се справуваат со задачи како сумирање, одговарање прашања и превод. Покрај големите можности, корисниците можат да внесат и само еден збор, а ВИ моделот да генерира детален одговор.
Промпт енгинееринг претставува дизајнирање на влезните текстуални инструкции кон одреден AI GPT-модел сѐ со цел произведување на конкретни резултати на излез, кои што би биле релевантни.
Квалитетот на излезот најмногу зависи од квалитетот на влезот, па така оваа практика вклучува експериментирање со различни фрази, структури и стилови на влезни инструкции, за да се разбере како моделот толкува и реагира на различни влезови.
ChatGPT е главниот виновник за појавувањето и потребата на промпт енгинееринг, а од друга страна, платформите наменети за учење на далечина веќе нудат курсеви за ова ново инженерство, кое што во иднина можеби и ќе биде инженерството на 21-виот век.
Во случај каде што е потребна експертиза, корисникот бара од вештачката интелигенција да обезбеди точни одговори. На пример, во медицината, лекарот може да користи модел на промпт енгинееринг за да генерира потенцијални дијагнози врз основа на симптоми и детали за пациентот.
Во случај каде што е потребно критичко размислување, промпт енгинееринг се користи за да ги анализира информациите од различни агли, да го процени кредибилитетот и да донесува аргументирани одлуки. Може да биде побарано да наведе опции, да ја оцени секоја од нив и да препорача потенцијлано оптимално решение.
Овој тип на инженерство наоѓа примена и при кретивна работа. Во писмена форма, авторот може да користи “промпт” инженерствопромпт енгинееринг за да генерира идеи за приказни, а од друга страна пак графичкиот дизајнер може да го искористи GPT моделот да создаде палети на бои и повеќе дизајни врз основа на внесените влезни инструкции.
Јасно спефицирајте го саканиот одговор во вашето влезно барање за да спречите погрешно толкување на вештачката интелигенција. Практичен пример: доколку сакате одговор во форма на текст од неколку зборови (пример 300 зборови), ВИ моделот ќе ви даде одговор од исто толку зборови, но многу често се повторува една или неколку реченици, практично кажано се врти во круг.
Вметнете доволен контекст во вашите барања и наведете ги излезните барања, ограничувајќи го одговорот на дефиниран формат. Ако, на пример, барате табела со најпопуларните рок хитови од 90-тите, експлицитно наведете го бројот на песни што треба да се наведат и побарајте форматирање на табелата за прецизни резултати.
Поставете рамнотежа помеѓу целните информации и посакуваниот излез со избегнување на премногу едноставни или сложени инструкции. Премногу едноставните влезови може да немаат контекст, додека премногу сложените може да ја збунат вештачката интелигенција, особено во сложени теми или јазик специфичен за домен.
Промпт инженерство претставува еден вид итеративен процес. Можеби ќе бидат потребни повеќе обиди на влез за да се оптимизира за точноста и релевантноста на излез. Континуираното тестирање и повторување придонесува за подобрување на излезот. Со оглед на отсуството на фиксни правила во излезот со вештачка интелигенција, флексибилноста и приспособливоста остануваат клучни.
Иако најдобриот начин да откриете кој промпт најдобро функционира за вас е постојано да експериментирате и да тестирате, тоа не значи дека мора да почнете од нула. Еве неколку супер корисни, кратки, но и информативни курсеви. Содржината е и повеќе од доволна да се запознаете со основите и да имате некоја подобра база за сопствени експерименти и тестирања.