Просто е неверојатно за колку проблеми сме самите одговорни! Овиеи причини се клучни зошто некои од нас не можат да одолеат да работат против себеси…
Луѓето кои постојано се љубезни, насмеани, полни разбирање (а никогаш всушност, не превземаат ништо конкретно да ви ја олеснат ситуацијата), избегнуваат по секоја цена конфликти, одлагаат носење на одлуки кои вклучуваат било каков ризик… се луѓе кои се плашат од неуспех или успех, за кој ќе бидат заслужни само тие самите. Конкретно, не можат без некој да им биде патерица. Се откажуваат без борба.
Ние не сме совршени суштества, кои се во состојба перфектно да ја анализираат секоја ситуација и да ги видат веднаш сите предности и маани на своите избори… Некои ни минимално не се информираме за деталите што можат да ни влијаат врз животот! Многумина од незнаење да си го испланираат и организираат животот наеднаш ќе се најдат во костец со катаљарда проблеми!
Не треба да се влегува во релации со луѓе на кои не сте им ни до колена со луцидност, логика, харизма… Не си задавајте цели што во никој случај не можете да ги исполните!
Се е возможно е парола на трговци и сезонски политичари, писатели на книги за самопомош и лајпрди!
Кога носат одлуки, луѓето најчесто се грижат за мислењето на околината и бираат нешта кои не ги прават среќни.
Оптеретени што околината ќе мисли за нив, тие најчесто прават работи што не им се ни допаѓаат, а камоли да ги усреќуваат!
Значи, не можат да одлучат што е добро за нив, а ниту за друг (на пример, нивните деца), прават работи со кои не се согласуваат, но кои им се допаѓаат на другите, не држат до своите избори…