Сутерен.мк

Што значи одговорен граѓанин!

Една американска наставничка поминала пет часа во доброволна самоизолација во тоалетот на авионот, откако за време на летот добила позитивен резултат на тестот за Ковид-19!


Мариса Фотиео вели дека на 20 декември имала болки во грлото додека патувала од Чикаго до Рејкјавик, поради што решила да направи брз тест со сетот што го понела со себе, пренесува Би-Би-Си.

Овој тест брзо потврди дека таа е заразена со Ковид-19.

Во тоалетот останала до крајот на патувањето, а стјуардесата и обезбедила храна и пијалоци.

– Тоа беше лудо искуство. На летот имаше 150 луѓе, а мојот најголем страв беше да не им го пренесам вирусот – изјави Фотиео, која е од Мичиген.

Нејзиното видео кое го објави на Тикток од тоалетот на авионот Исланд е прегледано повеќе од четири милиони пати.

Патничката ја пофалила стјуардесата што ѝ помогнала во таа прилика и што, како што вели, се погрижила да има се што и треба во следните пет часа.

По пристигнувањето во Исланд, вели таа, морала да се изолира во хотел на Црвениот крст.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *