Фејсбук с(р)еќавања…
“Нема да дозволиме една групировка на суетни, криминогени, будалести ем, некадарни и ненаситни наследници на исти такви фамилии да ги загрозат владеењето на правото и правдата, здравјето и надежта во иднината на граѓаните!”
Да ги загрозат владеењето на правото и правдата, здравјето и надежта во иднината на граѓаните!?
После Триесет години загрозување на владеењето на правото и правдата, здравјето и надежта во иднината на граѓаните!
Од „не се замарај“, „не е моја работа“, „не ми е ниво“, „не ме засега“, „батали“, глумење став „над ситуација“… со децении се востоличуваат модели без никаква дарба за било што, без ни малку креативност кои буквално, ни се качија на глава.
До идните:
На еден вистински лидер погледот му е брз, весел, љубопитен, инвентивен и одлучно насочен кон она што се случува, а не кон некоја невидлива планета.
Не бе дечки! Нит ЦИА, нит Путин, нит масони, нит покемони… Не со осиромашен ураниум туку, со системин да не прскаат…
И сето тоа е нула од штетата што ја трпиме од разно – разни полу-производи, селектирани и востоличени пред децении, кои не даваат кланот им да се помести ни милиметар од удобноста, што им се бетонира за слој подебело, после секои избори.
Може ли било која власт, да се нарече воопшто власт, доколку не успее да ни наметне лојалност кон државата!?
Случувањава кои го извадија народот од влечки верувам дека не се (и не треба ни да бидат) против Некои, туку за конечно да заврши речиси три децениската ера на пред се, беспомошноста на мнозинството.
За следните што ќе дојдат, ултиматум да им биде дека се што ќе прават, треба да е заради импресионирање на наредните поколенија!
На иднината и, ништо помалку од тоа.