Дување во нивниот нос или ушите
Кога им дувате во носот или ушите кучињата се чувствуваат непријатно и ќе почнат да се повлекуваат и да ја избегнуваат вашата близина.
Втренчено гледање
Ова е за кучињата заканувачко однесување кое го доживуваат како обид за наметнување на доминација. Подобро е да избегнувате долго гледање во очи.
Гушкање
Тоа може да изгледа како покажување на љубов, но во пракса за кучето значи ограничување на слободата на движење. А дека не се чувствува најпријатно, ќе покаже со прозевање, лижење на муцката или со повлекување на ушите наназад.
Исклучоци
Како животно на глутница, кучето сака јасни правила и не ги разбира исклучоците. На пример, ако не му дозволувате да седи на каучот, а го викнете да ви се придружи на него кога сте болни, ќе го збуните!
Иста патека
Постојаното шетање по иста патека на кучето му е здодевно особено, ако не му дозволувате да подзастанува и душка наоколу.