Сутерен.мк

Што не се јаде навечер?

Стотици пати сме чуле дека вечерата треба да биде лесна, дека не треба доцна да се јаде, но ретко кога конкретно е нагласено што навистина не би требало да се козумира пред спиење.

Експертите советуваат да се одбегнува храна што содржи премногу јаглени хидрати, масни киселини, зачини, бидејќи предизвикуваат подуеност, пореметување на сонот, проблеми во желудникот, дебелеење.

Ова се неколкуте намирници што треба да се исклучат при вечерниот оброк по секоја цена…

Едноставните јаглени хидрати т.е. скробните намирници бидејќи предизвикуваат скок на инсулинот и високо ниво на шеќер, кој во текот на ноќта не може да се согори, па се претвора во масни наслаги. Покрај ова, оризот, лебот или тестенините навечер го оптеретуваат премногу стомакот.

Тешката мрсна храна во вечерните часови е вистинска закана за гастроинтестиналниот тракт. Тука спаѓа и сирењето, кое покрај мастите, содржи и поприлично тирамин осносно, аминокиселини кои го намалуваат производството на хормони што го регулираат добриот сон.

Зачинетата храна треба да се избегнува во широк круг заради здравјето на вашиот желудник.

Чоколадото изедено доцна навечер, може да предизвика проблеми со спиењето, немир, нервоза, мачнина, иритација на стомакот и тахикардија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *