Експериментот што го спроведе Универзитетот Лондон Метрополитен доведе до интересни сознанија што е она што најмногу ги усреќува луѓето т.е. кога нашето тело најмногу го произведува хормонот окситоцин, кој е заслужен за доброто расположение, намален стрес и тегобност.
Овој хормон се произведува на пример, кога сме среќно вљубени, но научниците дојдоа до некои сосема (не)очекувани резултати.
Па така, според нивната анализа, има пет ситуации кога човек е најсреќен:
- Кога јаде чоколадо.
- Кога добива цвеќе на подарок или го одгледува.
- Кога ја јаде омилената храна.
- Кога оди во шопинг.
- Кога оди на одмор/патување.
Што ќе рече, тоа вљубувањето е преценето – далеку подобро се чувствуваме од храната и шопингот!