Сутерен.мк

Што предоцна сфаќаме во животот?

Дека животот и не е баш долг. Осум часа спиете, осум работите… Потрудете се да не го потрошите залудно своето „слободно време“.

Честопати е мудро да кажеме што мислиме особено, кога треба човек за се заземе за себеси. Од друга страна, на пријателката не треба да и се каже дека се здебелила, колку и да е тоа очигледно.

Патувањата се едни од најважните искуства во животот. Треба барем еднаш да се отиде некаде далеку, на што подолг период.

Ниту е срамота, ниту е знак на слабост да се побара помош. Нема човек кој понекогаш не зависи од другите и од нивната помош и тоа е совршено нормално.

Треба да се ужива во малите нешта. Од време на  време набљудувајте го заоѓањето или изгревањето на сонцето, уживајте во омилениот пијалок, танцувајте со добра музика…

Сите имаат подеми и падови. Сите. Колку и да изгледаат проблемите нерешливи и страдањето поради нив е големо, повеќето наоѓаат начин да ги надминат, па ќе најдете и вие.

Треба да си го намалиме егото. Доцна разбираме дека баш и не мора да се расправаме на секоја тема и дека можеме да им дозволиме понекогаш и на другите да бидат во право, особено кога и се во право, а ние поради своето преголемо его не сме подготвени тоа да го прифатиме,

Неопходно е да им се прости на другите. Во животот незаборавањето на туѓите грешки повеќе ни штети нам отколку на оние на кои им сме лути.

Среќата не е работа на судбината. Треба таа да се избере, да се работи на неа (цел живот), да се заслужи.

Со пријателите можете да ги поминете најдобрите моменти во животот, но семејството се оние на кои можете секогаш да се потпрете. Бидете добри кон своите ближни, поминете време со нив што почесто можете или барем, јавете им се на телефон од време, на време…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *