Сутерен.мк

Што пророкува Џеф Безос?

Човештвото ќе пресели поголем дел од индустријата, а само неколку избрани ќе останат на Земјата, а таа ќе биде претворена во природен резерват, изјави милијардерот Џеф Безос, основач на „Амазон“ и вселенската компанија „Блу Ориџин“!

Тој објасни дека милиони луѓе ќе се родат во вселенски колонии и ќе ја посетуваат Земјата како туристи.

Земјата може да издржи десет милијарди жители, а вселената многу повеќе, рече Безос на „Форумот Игнејшс“, наведувајќи дека човечките колонии во вселената ќе се прават во цилиндрични објекти кои ќе ротираат за да создадат вештачка гравитација. Според неговите предвидувања, најголемиот дел од индустријата ќе биде префрлен во тие колонии за да се спаси Земјата, а на неа ќе останат само неколку одбрани растенија и многу помалку луѓе.
„Земјата ќе се претвори во национален парк со ограничен пристап, како американските национални паркови. Тоа ќе биде посебно место, не можеме да го уништиме“, изјави Безос.

Милијардерот додаде дека милиони луѓе ќе работат во вселената, што е и визија на неговата компанија „Блу Ориџин“.

„Со вековите, повеќето или многу луѓе ќе се раѓаат во вселената и тоа ќе биде нивниот прв дом. Ќе се раѓаат во колониите, ќе живеат во нив. Тие ќе ја посетат Земјата како што ние го посетуваме Националниот парк Јелоустоун“, предвидува Безос.

Колониите во вселената ќе имаат реки, шуми и див свет, наведува основачот на „Амазон“.

Тој сепак, не објасни кој ќе остане да живее на Земјата.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *