Сутерен.мк

Што сакаме?

Вака накусо, можете ли да ми кажете што сакаат мажите од жените?
Јас

Јас дарлинг, да имав одговор на ова прашање руски милијардер ќе се шлаеше по улици со мене. Ама ај, да ви учинам…
Мажите се луди по жени кои изгледаат како да немаат поим за животот, велат научниците.

Познато е и дека мажите излегуваат глупави и збунети во текот на разговорот со привлечна и/ли егзотична жена. Меѓутоа, истите стручњаци, откриле исто така и дека мажите после ваков разговор остануваат „заглупавени и по неколку часа.

Таканаречениот посилен пол дефинитивно е заслепен по карактеристични црти на лицето – како истакнати усни, бадемасти и топли очи, убави раце… Причината за тоа и понатаму останува непозната.

Она што е познато е дека многу е полесно да се „фати“ маж во текот на студените месеци – жените тогаш се облекуваат повеќе па и најмалиот поглед на „голо месо“ им ја разгорува фантазијата.

Всушност, сето ова можете да го фрлите во првиот контејнер зашто, што би рекол Били Кристал, на жените можеби им треба причина, но на мажите им треба само место…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *